Светот едноставно не е подготвен: Шокантно предупредување на научниците - болест за само неколку дена би можела да убие 50 милиони луѓе

Точка

19/09/2019

21:58

7.994

Големина на фонт

а а а

Научниците предупредуваат дека болест како грипот би можела да го обиколи светот за 36 часа и да убие од 50 до 80 милиони луѓе.

Тоа е заклучокот на експертите на Светската здравствена организација на средбата која што беше организирана во врска со глобалната подготвеност за справување со пандемија.

Пред еден век, пандемијата на шпанска грозница зарази една третина од светската популација и усмрти 50 милиони луѓе. Доколку и денес се случи такво сценарио, со популација која што на големо патува на сите страни на светот, последиците би биле уште полоши.

Не се подготвуваме за катастрофа

Тимот на здравствени експерти предупредува дека заканата за пандемија која би се раширила насекаде низ светот е и тоа како реална.


Брзо растечки патоген има потенцијал да убие десетина милиони луѓе, да ја поремети економијата и да ја дестабилизира националната безбедност. Моменталните напори на луѓето да се подготват за избивање на епидемија како на пример еболата се „ужасно недоволни“.

„Постои многу реална закана за брзото ширење на високо смртоносна пандемија на респираторен патоген кој би убил од 50 до 80 милиони луѓе и би збришал речиси 5% од светската економија. Глобална пандемија од тие размери би била катастрофална, би се создал огромен хаос, нестабилност и небезбедност. Светот едноставно не е подготвен“, предупредија експертите.

Распад на здравствениот систем

Во случај на пандемија, како што се прогнозира, многу национални здравствени системи, посебно тие во сиромашните земји едноставно би колабирале.

„Сиромаштијата го зајакнува избивањето на инфективните заболувања и помага во создавањето на услови за пандемија“, порачаа експертите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг