Како Фејсбук ненамерно им помага на терористите да се поврзат и да регрутираат нови членови

Точка

19/09/2019

13:06

1.728

Големина на фонт

а а а

Според најновото истражување, социјалната мреа со авто-генерирањето им помага на терористичките организации како што се Исламската држава и Ал Каида.

Имено, десетици илјади страници на Фејсбук ненамерно по грешка се поврзуваат со членови на тие озлогласени групи. Терористичките организации ја користат платформата како алат за регрутација, а авто-генерирањето им помага подобро да се вмрежат затоа што имаат заеднички „интереси“.

Од Фејсбук неодамна ветија дека ќе се заложат за сузбивање на екстремистичката содржина на социјалната мрежа, но очигледно Закерберг има уште многу работа. Се чини дека Фејсбук малку напредувале од извештајот на „АП“ претходно во текот на оваа година.

Тогаш детално беше прикажано како авто-генерирањето на Фејсбук им помага на екстремистите ширум светот, а во најновиот извештај на "Whistleblower" биле идентификувани околу 200 страници кои се поврзани со Исламската држава или Ал Каида.


„Нашиот приоритет е детектирање и отстранување на содржини кои ги објавуваат луѓето и ги прекршуваат правилата за опасните индивидуалци или организации. Авто-генерираните страници не се како „нормалните“ страници затоа што луѓето не можат да коментираат или објавуваат. Ние ги отстрануваме сите кои ги прекршуваат правилата. Додека не успееме да ги отстраниме сите, остануваме многу ажурни во тие напори“, изјавија од Фејсбук за „АП“.

Социјалната мрежа има бројни функции кои ги авто-генерираат страниците според содржината која ја објавуват нивните корисници. Во овој случај, тоа им помага на екстемистите затоа што им овозможува на корисниците да ја заследат страницата и со тоа отвораат листа на симпатизери за тие што вршат регрутација.

Исто така е откриено дека корисничките страници кои промовираат таква екстремистичка содржина и натаму се наоѓаат многу лесно на најголемата социјална мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг