Во стан на втор кат од една минхенска деветкатница, недалеку од метро станицата Хартоф, утрово избил пожар. И покрај брзината на интервенцијата на пожарникарите, станот на вториот кат целосно изгорел.
Кога пламенот почнал да се развива, станарите, повеќе од 90-на, панично почнале да бегаат од зградата.
Жртви немало, но околу 10 станари побарале помош поради труење со чад од кои двајца биле хоспитализирани.
Причината за избувнатиот пожар, верувале или не, била електричен тротинет.
Am Hart: E-Scooter entzündet sich - zehn Verletzte in Mehrfamilienhaus https://t.co/bl5HqfozVO
— Süddeutsche Zeitung (@SZ) September 18, 2019
Според извештајот на минхенската полиција, сопственикот на електричниот тротинет во текот на ноќта ја полнел батеријата на своето превозно средство.
Потоа, очигледно поради техничка грешка, во еден момент избувнал пламенот и предизвикал пожар кој го запалил целиот стан.
Пожарникарите по половина час успеале да го исгаснат пожарот, а последиците оставиле материјална штета која се проценува од околу 200.000 евра.