Министерот Димитров: По добивањето на датум ќе следува пресметка со подземјето!

Точка

19/09/2019

09:01

4.050

Големина на фонт

а а а

Шефот на македонската дипломатија синоќа во соочувањето со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски порача дека власта ќе се пресмета со подземјето после одлуката за добивање на датум за преговори со ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров уште еднаш нагласи дека на никаков начин не е вмешан во случајот „Рекет“.

„Обидот со лаги да ме извалкате или да ме „пикате“ во „Рекет“ е безобразен. Јас немам милиметар со таа приказна“, рече Димитров и потоа најави дека после одлуката за датумот за преговор со Европската унија, Владата ќе започне пресметка со подземјето, но и со скандалите околу „бомбите“.

„Планината што доаѓа по датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето. Тоа што излезе од бомбите го немаме сериозно чепнато и ќе го чепне оваа власт“, порача Никола Димитров.

Меѓу другото, министерот Димитров истакна дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и создава конфузија кај народот во Македонија, наместо суштински да се заложи за земјава да добие датум за преговори.

Од друга страна, Николовски порача дека се надева на позитивни вести во врска со одлуката за добивање на датум, но исто така нагласи дека моментално има доза на резерва поради однесувањето на владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг