Зидан по поразот во Париз: Една работа ме загрижува повеќе од лошата одбрана

Дерби

19/09/2019

08:25

1.406

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид доживеа непријатен пораз на гостувањето кај ПСЖ со три гола негатива, а тренерот Зинедин Зидан не можеше да го сокрие разочарувањето од настапот на својата екипа.

Зизу вели дека не е толку загрижен поради лошата игра во одбрана, туку поради други елементи кои ги видел на теренот.

– Не сум загрижен поради проблемите во одбраната, туку поради тоа што го видов мојот тим без потребниот интензитет во оваа фаза од натпреварувањето. Понекогаш можете да имате лош ден, но со помош на интензитетот влегувате во дуели, се борите за топката и останувате во натпреварот. Нашиот денешен настап беше целосна спротивност.

– Тие на надиграа во сите елементи, во начинот на игра, во средниот ред, но она што посебно ми пречи е разликата во интензитет. Речиси да не креиравме шанса, како да не ни влеговме во натпреварот, обично имаме многу шанси, но денеска тоа не беше можно, – изјавил Зидан по поразот на Реал Мадрид од ПСЖ со убедливи 3:0.



Спонзорирани линкови

Маркетинг