Османи во работна посета на Берлин и Варшава

Макфакс

19/09/2019

08:11

130

Големина на фонт

а а а

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на неговата турнеја по европските метрополи ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Мајкл Рот.

Централна тема на средбата ќе бидат европските интеграции на Република Северна Македонија, во насока на поддршката од страна на Владата на Германија за одлуката за старт на преговорите во октомври, за која Бундестагот ќе расправа на седница на 26. септември.

Од Берлин, Османи директно патува за Варшава, каде ќе остари средби со джавниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Централна тема и на средбите во Полска ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг