Американски научници направиле симулација на Трета светска војна: Првиот нуклеарен удар ќе ги оштети земјите од ЕУ, а потоа...

Точка

18/09/2019

20:53

6.818

Големина на фонт

а а а

Американските научници кои се учесници во проектот „Наука и глобална безбедност“ од Универзитетот Принстон, изработиле симулација на нуклеарна војна помеѓу САД и Русија.

Според нивното сценарио, во првите часови на судирот би можело да загинат или да бидат ранети повеќе од 90 милиони луѓе.

Авторот на симулацијата Алек Глесер објавил на Јутјуб и на официјалниот сајт на проектот, видео-снимка од четири минути под името „План А“, на која е прикажан модел на нуклеарниот судир меѓу САД и Русија.

Според сценариото, судирот започнува со примена на конвенционалното вооружување, но Русија потоа изведува нуклеарен напад на пограничната територија на Германија и Полска, за да ги воздржи силите на САД и НАТО во Европа. Потоа, како одговор НАТО користи нуклеарно оружје во напад на областа во близина на руски Калининград.

Според објавеното сценарио, како резулат на сите настани, конфликтот прераснува во тактичка нуклеарна војна на територијата на Европа, а потоа се шири и на териториите на САД и Русија.

Авторите тврдат дека проектот е мотивиран од потребата да се истакнат потенцијално катастрофалните последици од нуклеарната војна меѓу двете светски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг