По тешкото боледување почина поранешниот холандски репрезентативец и прославен фудбалер на Глазгов Ренџерс

Дерби

18/09/2019

18:02

2.523

Големина на фонт

а а а

43-годишниот Фернандо Риксен ја загуби битката со тешката болест АЛС, односно амиотрофична лателарна склероза која му беше дијагностицирана само неколку месеци откако ја заврши професионалната кариера.

Риксен е холандски фудбалер кој се прослави со настапите во Глазгов Ренџерс, а во јавноста беше познат и по тоа што имаше големи проблеми со алкохолот.

Во 2013 година се реши да стави крај на фудбалската кариера и од тогаш почна неговата агонија со опасната болест која удира на нервниот систем и го донесе до целосна парализа.

Риксен ќе остане запаметен по одличните настапи за време на неговиот шестгодишен престојво Ренџерс, а освен за шкотскиот тим играше и за Фортуна Ситард, Зенит и АЗ Алкмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг