Солскјер се премисли: Ќе купува напаѓач од Премиер лигата во јануарскиот преоден рок

Дерби

18/09/2019

18:01

1.590

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер очигледно сфати дека мора да ја засили навалната линија со барем еден играч откако ги продаде Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, а не донесе ниту една замена за нив.

Во моментов офанзивци во клубот се Антони Марсијал, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд, но по повредата на Марсијал стана јасно дека Солскјер ќе мора да реагира затоа што е многу тенок на напаѓачките позиции.

Токму затоа, Манчестер Јунајтед во јануари подготвува трансфер атак кон фудбалерот на Борнмут, Калум Вилсон.

Напаѓачот на Борнмут и англиски репрезентативец со сигурност нема да биде евтин, па доколку „ѓаволите“ го посакуваат во своите редови ќе мора уште еднаш да го одврзат ќесето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг