Најскапиот all inclusive апартман во Турција чини над 3 илјади евра од ноќ - еве што добивате за тие пари

Точка

18/09/2019

14:42

5.935

Големина на фонт

а а а

Најскапиот хотел во Истанбул е направен само за оние луѓе кои имаат малку “подлабок џеб“. Кога станува збор за Турција дури и просечниот all inclusive аранжман во себе вклучува одлична услуга во хотелот, па не е ни чудно што оваа земја најмногу ја избираат за одмор - на лето или на есен.

Исто така не треба да се чудите и доколку потешко разберете зошто еден од најубавите апартмани на светот чини толку мнoгу, кога исто така за неколку стотици евра добивате неверојатна услуга.

Султановиот апартман во Истанбул има 514 метри квадратни и се смета за втор најголем апартман во Европа.

Еден ден поминат во овој апартман чини како просечна гарсониера во Турција, односно 3- илјади евра.

Во цената е вклучен транспорт од аеродром до хотел со авион, приватен турски тоалет и “rain shower“.

Цената ја оправдува и тоа што хотелот е поранешна палата на Отоманското царство на Босфорот и моментално припаѓа на ланецот на хотели Кемпински кои се синоним за луксуз ширум светот.

Во хотелот биле доволно отворени и откриле дека 2.400 евра од оваа цена се одбива за данок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг