И гатачката на Никола Груевски во бомбите за „Монструм“: Ќе бидат вмешани и униформирани лица!

Точка

18/09/2019

14:10

2.116

Големина на фонт

а а а

Денес во текот на судењето за случајот „Монструм“, јавноста имаше можност да чуе нови докази од добропознатиот случај - петкратното убиство кај Смилковско езеро кое се случи на 12-ти април, 2012-та година.

Во судницата биле пуштени 13 од вкупно 25 бомби, но во нив имало несуштински и приватни разговори кои не можат многу да помогнат во истрагата за ладнокрвните убиства.

Во разговорите се слушаат Коце Трајановски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Надежда Груевска, Никола Груевски, личната секретарка на Груевски Ленче Самарџиски, гатачката на Груевски, Катерина Најденова, Влатко Мијалков, Оливера Трајковска, Орце Камчев, Митко Чавков и Иво Котевски.

Не пропуштајте: Нови детали за „Монструм“: Миле Јанакиески откри зошто бил убиен рибарот

Она што заклучиле од основниот суд во Скопје е тоа што во пуштените разговори нема некои суштински докази туку само претпоставки на прислушкуваните лица, што и кој би можел да го направи страшното убиство.


Во разговорот на гатачката на Никола Груевски со неговата секретарка Ленче, таа предвидува: „Униформирани лица ќе има вмешано“.

Исто така во пуштените разговори се слуша и разговорот со мајката на Никола Груевски која разговара со нејзиниот внук Влатко Мијалков на кој што му кажува дека му испратила нејзина верзија од настанот на Сашо Мијалков.

„Ова е направено професионално“ - му вели мајката на Никола Груевски на нејзиниот внук.

По пуштените разговори судот дал пауза по што ќе продолжат со објавување на најавените “бомби“.

На судењето учествуваат роднини и пријатели на убините момчиња кај Смилковско езеро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг