Целосно бесплатно, засекогаш: Побрзајте и преземете ја култната GTA: San Andreas

Точка

18/09/2019

11:23

2.659

Големина на фонт

а а а

Rockstar се покажаа како прилично дарежливи - можете да ја преземете една од најдобрите GTA видео игри, целосно бесплатно.

Grand Theft Auto: San Andreas е ваша засекогаш ако побрзате и го инсталирате Rockstar Game Launcher кој е практично истото што го нудат EA и Ubisoft - можност на вашиот компјутер преку посебна платформа да ги играте сите игри на Rockstar каталогот досега, секако со неколку исклучоци.

Rockstar Game Launcher е веќе достапен и на едно место ќе ви ги обедини сите ваши Rockstar игри, вклучувајќи ги и тие што веќе сте ги купиле на Steam платформата. Новиот систем нуди автоматско ажурирање на сите игри во рамките на вашата библиотека, Cloud снимање, како и попусти и Rockstar Bundle понуди.

Ние веќе го тестиравме тоа, работи нормално во Македонија, регистрацијата е бесплатна, не ви е потребна кредитна картичка, а на располагање покрај Grand Theft Auto: San Andreas ви се располагање и уште неколку игри.

Од Rockstar не наведоа до кога е бесплатна San Andreas, па затоа побрзајте и превземете ја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг