Николов: Владо и Никола имаат ма**ња до колена

Дерби

18/09/2019

09:56

1.284

Големина на фонт

а а а

Македонските одбојкари запишаа уште една победа на Европското првенство и тоа против еден од домаќините на шампионатот Словенија која ја надигравме во салата „Стожице“ во Љубљана со 3-1 во сетови.

Нашите одбојкари покажаа квалитет, борбеност, истрајност и го го средија стариот добар познаник со кого изминативе години многупати се сретнаа. Оваа победа не стави во игра за пласман во осминафиналето, па тоа беше причина за уште поголемо задоволство. Ристо Николов немаше свој ден, ама затоа не бираше зборови да ги пофали Владо Милев и Никола Ѓоргиев кои одиграа страшно против Словенците.

- Кога имате еден натпревар како денеска кој да бидам искрен јас го одиграв лошо, имате соиграчи другари кои и даваат поддршка. Ги имаме Владо и Никола со мадиња до колена, одиграа феноменално. Цело време не бодреа, ни даваа психолошка стабилност, верувавме и знаевме дека ќе го добиеме натпреварот. Ние против Словенците играме долго време, ги знаеме овие играчи, па дефинитивно храброста беше пресудна. Трите сета кои ги добивме, ги добивме на разлика, - порача Николов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг