Клоп за контроверзниот момент: Јасно е дека немаше пенал за Наполи

Дерби

18/09/2019

08:47

1.013

Големина на фонт

а а а

Наполи го победи Ливерпул со 2:0, но решавачки момент на натпреварот беше пеналот кој судијата Феликс Брих го досуди по наводниот прекршок над Хозе Калјехон.

Видео снимките тешко можат да го потврдат она што наводно го виде Брих, а му беше потврдено и од ВАР собата, па менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е убеден дека неговиот тим е оштетен.

– Поразот ќе не боли, бидејќи и ние имавме можности, пропуштивме многу шанси да постигнеме гол. Во второто полувреме беше луд натпревар, трчавме ние, трчаа тие…

– Не мислам дека имаше пенал, според мене јасно е дека немаше прекршок. Играчот скокна уште пред некаков контакт, но сега не можеме ништо да промениме. На крајот мора да го прифатиме резултатот и да признаеме и дека имавме многу погрешни одлуки во текот на играта, – истакнал Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг