Американската армија ја потврди автентичноста: Да, снимките што ги направија нашите пилоти се од НЛО и никогаш не требаше да ги видите

Точка

18/09/2019

08:34

5.727

Големина на фонт

а а а

Поминаа речиси две години откако угледниот "New York Times" и организацијата "The Stars Academy of Arts & Sciences" објавија виео снимки на кои пилотите на американската воена морнарица се среќааваат со неидентификувани летечки објекти „НЛО“.

Дури сега од американската воена морнарица потврдија дека снимките се автентични и дека на нив се гледаат „необјасниви воздушни феномени“. Од таму исто така додадоа дека снимките никогаш не требало да бидат пуштени во јавност.

Трите видеа се достапни на "YouTube" и се наречени "FLIR1", "Gimbal", и "GoFast". На нив се прикажуваат две ситуации во кои американските воени пилоти на небото се сретнале со непознати летечки објекти.

Едно од видеата е направено во 2015-та година некаде над источниот брег на САД од страна на пилот на "F/A-18 Super Hornet". Другите две видеа се снимени од пилотите на истиот тип на авион, а на нив е забележана необјаснивата средба која се случила недалеку од брегот на Калифорнија во 2004-та година. На тие снимки се слушаат пилотите кои расправаат за тоа за какви објекти станува збор и од каде дошле.

Во двете ситуации, непознатите објекти извеле воздушни маневри кои не се возможни со сегашната технологија. Еден од пилотите за "New York Times" изјавил дека леталата „одеднаш се појавиле на висина од околу 24 километри, а потоа молскавично се спуштиле на 6 километри каде што останале и лебделе одредено време“. Потоа нагло исчезнале од нивните радари.

Портпаролот на заменик шефот на американската морнарица за информациско војување, Џозеф Градишер изјави дека објектите на снимката се означени како „неидентификуван воздушен феномен“. Со други зборови, Пентагон признава дека објектите не можат да бидат идентификувани, ниту да се објасни нивната појава. Од американското Министерство за одбрана накратко соопштија дека овие снимки никогаш не требало да завршат пред очите на јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг