Мало дете претрчало насред улица: Ударот од кола го фрлило неколку метри во воздух, но она што го направило кога паднало, сите ги оставило без зборови!

Точка

17/09/2019

21:56

5.745

Големина на фонт

а а а

Малиот Украинец од Харков, имал повеќе среќа отколку памет, а за тоа има и снимка.

На снимката се гледа едно момче со училишен ранец на грбот, кој одејќи по улица одлучило да премине од другата страна на место каде што немало пешачки премин.

Момчето пропуштило неколку возила и истрчало на другата страна од улицата, кога од десната страна се залетал автомобил. Возилото го собрало момчето и го фрлило неколку метри.

Возачот веднаш закочил, а тогаш се случило чудо. Момчето веднаш станало од улицата, како ништо да не се случило, па истрчало на тротоарот, за да ја облече патиката која очигледно му паднала кога го удрил автомобилот. Дури тогаш зачудениот возач изглегол од автомобилот и му пришол на момчето. Набрзо се собрале и други минувачи кои виделе сè.

Неверојатно е што момчето очигледно поминало без повреди, иако на почетокот изгледало дека во најмала рака претрпело сериозни скршеници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг