Во овие хороскопски знаци се раѓаат најдобрите љубовни советници

Кармин

17/09/2019

21:41

2.725

Големина на фонт

а а а

Не се сите вешти во давање совети, особено оние љубовните. Но, астролозите тврдат дека три хороскопски знаци во тоа подрачје брилираат, бидејќи ги красат карактеристики кои ги прават одлични љубовни советници, а баш поради тоа воглавно и сами имаат среќа во љубовта.

Откријте за кои знаци станува збор и кога ќе имате љубовни проблеми обратете им се на нив:

Риби

Луѓето родени во знакот на Риби, обично имаат изразена емпатија, па полесно од останатите можат да ги разберат туѓите емоции. И самите се доста чувствителни, како останатите водни знаци, а она што ги одвојува од другите и ги прави експерти за делење љубовни совети е нивната рационалност.


Стрелец

Искрени и секогаш добронамерни (барем кон луѓето кои според нив го заслужуваат тоа), Стрелците нема да се плашат да ви кажат кога сами сте виновни за љубовните проблеми, а без влакно на јазикот ќе го искритикуваат и вашиот партнер, ако проблемот е во него. Кога ќе ги прашате за совет, ќе се постават како објективни набљудувачи и нема да ви го кажат она што сакате да го чуете, туку она што е потребно за да го решите проблемот.

Девица

Девиците се познати по својата разумност и честопати ги гледаат работите појасно од другите, што ги прави одлични во делење совети на другите во сите аспекти од животот, не само во љубовта. Но, секако е добро да ги прашате за љубовен совет, бидејќи се рационални и нема секогаш да застанат на ваша страна, туку ќе ви помогнат да ја погледнете секоја ситуација од различен агол, за подобро да дојдете до решение. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk