Австралиската манекенка со јужносуданско потекло, Nyadak Duckie Thot, со својата убавина го одзема здивот каде и да се појави, а поради прекрасното лице и совршеност, тамошните медиуми ја нарекле “жива барбика“.
13-годишната девојка пораснала во Мелбурн во семејство со шест деца. Нејзиното семејство се отселило за време на војната во Јужен Судан уште пред да се роди таа.
Таа во светот на моделството влегла на 15 години и тоа благодарение на сестрата Ники која исто така се занимава со манекенство. Во 2013-та година учествувала во емисијата „Next Top Model“ и го освоила третото место.
Тоа ѝ тргнало во 2017-та година по снимањето на кампањата „Duckie After Dark“ кога навистина позирала како барбика,а многумина тогаш пишувале колку таа е нереално убава што не се сигурни дали станува збор за барбика или за личност.
На Инстаграм ја следат повеќе од два милиони луѓе, а вниманието кое таа го привлекува често го користи за да ги прикаже и да предупреди на проблемите со кои се соочува нејзината држава Јужен Судан.