Ѓоковиќ проговори за враќањето на терен и тежината на повредата на рамото

Точка

17/09/2019

18:15

2.485

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ од својата повреда заздравува во Србија, а според неговата слободна проценка тој би можел да се врати на терен веќе од крајот на септември.

Новак поради повредата на рамото мораше да го предаде натпреварот на Швајцарецот Вавринка уште на почетокот на втората недела на Грен Слемот во Америка, а тоа што ги загрижи сите негови фанови беше прашањето за неговото враќање на терен.

Ѓоковиќ во разговор за РТС потврдил дека секојдневно ги следи резултатите од рехабилитацијата и дека се надева дека на терен ќе може да се врати до крајот на месецот кога планира да учествува на турнирот во Токио кој почнува на 30-ти септември.


„Би сакал да ви кажам дека ќе се вратам, но навистина не знам точно. Секојдневно ги следам резултатите од рехабилитацијата. Следам како реагира рамото во текот на лекувањето“ - изјавил Ѓоковиќ за РТС и додал:

„Ми оневозможи да го продолжам турнирот во Њујорк. Многу ми е жал, тоа е еден од најголемите турнири, особено е важен за вториот дел од сезоната. Се надевам дека за една недела или за две недели ќе бидам на терен. Во идеално сценарио, тоа е турнир во Токио“ - заклучил Ѓоковиќ.

Новак и оваа недела го дочека првото место на АТП листата со 640 поени повеќе од второпласираниот Рафаел Надал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг