Луксузно и скапо: Ноќевање во игло на Северниот пол за неверојатни 93.000 евра

Точка

17/09/2019

20:30

3.373

Големина на фонт

а а а

Оние со подлабок џеб кои се во потрага по зимска авантура, можат да размислат за луксузен престој на Северниот пол.

Станува збор за хотелско сместување во форма на игло, кое ќе биде достапно во април, 2020-та година. Во понудата ќе има 10 игла, од кои сите имаат стаклени покриви, за посетителите да можат да ја набљудуваат неверојатната поларна светлост од удобен и топол простор, иако надвор е и до минус 45 степени.

„Сакав да креирам удобен начин за доживување на Северниот пол, па добив идеја за удобно сместување во екстремни временски услови. Нудиме сè од опрема, ви треба само истражувачки и научен дух“, изјавил Жан Хонканен, основач и директор на туристичката агенција „Luxury Action“.

Ноќевање чини 93.000 евра, а гостите добиваат луксузно сместување, купатило, водич за преживување во дивина, готвач и врвна сигурност. Во случај на екстремни временски услови, куќичките лесно можат да се премесат.

Во цената влегуваат и две ноќевања во Свалбар,Норвешка, пред да одите на Северниот пол, но и превоз, оброци, излети и друго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг