Германски сајт открива - кои се предметите кои најчесто гостите ги крадат од хотелите?

Точка

17/09/2019

15:40

4.165

Големина на фонт

а а а

Темата на истражување на германскиот сајт „Wellness Haven“, специјализирана за оценување на хотели открива што најмногу гостите крадат од хотелските соби.

Истоимениот сајт навел листа од десет предмети кои клиентите најмногу ги крадат од хотелот. Истражувањето вклучило податоци од 1.903 хотели со четири или пет ѕвезди ширум светот.

На десеттото место според таа листа се наоѓаат перниците со 14.3 отсто од случаите. На деветтото место предметите кои ги крадат гостите се постелнини со 15.6 отсто.


Уметничките дела, како што се ѕидни слики се со 20.2 отсто. На седмото место се наоѓаат предметите како што се батерии со 22 отсто.

На шестото место со 32.8 отсто е козметиката.

Со 39.6 отсто на листата на крадење се наоѓаат пенклата.

На третото место so 49.3 отсто се закачалките, други предмети кои се крадат се бањарките со 65.1 отсто, а на првото место се пешкирите со 77.5 отсто.





Спонзорирани линкови

Маркетинг