Мртва пијана ги возела своите три деца, а кога ја уапсиле на полицајците им нудела секс за да ја ослободат

Точка

17/09/2019

12:57

3.431

Големина на фонт

а а а

Една жена од Пен Тауншип во американската сојузна држава Пенсилванија се обидела да ги „подмити“ полицајците со нудење на сексуални услуги, откако била уапсена поради возење во алкохолизирана состојба, додека во автомобилот биле нејзините три деца.

29-годишната Ребека Сју Дуди е обвинета за нудење на мито, непристојност и возење под влијание на алкохол додека во својот автомобил ги возела своите три деца. Била пуштена од притвор со кауција од 2,500 долари, а првото сослушување е закажано за 19-ти овој месец.

Инцидентот се случил минатата сабота кога полицијата интервенирала во нејзиниот дом поради семејно насилство. Кога пристигнале таму, разговарале со нејзиното момче Џејкоб Анголио кој им рекол дека пијана ги возела трите деца.

Полицијците откако ја пронашле, забележале дека е во алкохолизирана состојба, па веднаш ја уапсиле затоа што со возењето во пијана состојба ги довела децата и себеси и другите учесници во сообраќајот во опасност.


„Додека бевме на пат кон болницата, Дуди се обиде да ми понуди сексуални услуги за да избегне казна“, открил полицаецот кој што ја уапсил, додавајќи дека таквото нејзино однесување продолжило и во болницата пред докторите и останатите полицајци.

Во моментите кога требало да заврши зад решетки таа дури ја соблекла маицата и градникот, им ги покажала градите на полицајците и продолжила да им нуди секс во замена да ја пуштат и да не биде отворена судска постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг