Се огласи и спортскиот директор на ПСЖ: Нејмар направи грешка, но немојте вие да правите…

Дерби

17/09/2019

11:56

2.165

Големина на фонт

а а а

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се огласи во јавноста по пропаднатиот трансфер на Нејмар во Барселона и останувањето на Бразилецот во францускиот клуб.

Нејмар не беше пријатн дочекан на првенствениот натпревар против Стразбур кога фановите на ПСЖ извадија провокативна порака, а притоа го со свирежи го испратија неговото претставување.

Сепак, тој на најдобар можен начин им одговори на ваквите провокации и со одличен гол во 90. минута донесе тешка победа за ПСЖ. По натпреварот Нејмар истакна дека е свесен дека секој следен натпревар за него ќе биде како гостински, а сега целата ситуација ја искоментира и Леонардо.

– Нејмар направи грешка, но кога преодниот рок заврши се врати во клубот. На време доаѓаше на тренинзите, се однесуваше многу добро. На минатиот натпревар постигна спектакуларен погодок, а после мечот даде искрена изјава. Вистина е дека не можеме да кажеме каква е неговата позиција, но не треба да правиме драма околу сето тоа. Треба да се фокусираме на теренот. Тој е овде, дел е од тимот и тоа е тоа, - заклучи Леонардо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг