Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Макфакс

17/09/2019

08:13

2.117

Големина на фонт

а а а

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на Скопје и Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, и поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Герила-акцијата следуваше откако вчера во населбата Аеродром непознато лице со секира уби две улични кучиња кои беа чувани од жителите повеќе од една деценија.


Фотографиите од мртвите кучиња облеани во крв сериозно ги вознемирија жителите на Аеродром кои ги најдоа рано утрината, а веднаш била повикана полиција да изврши увид.

Активистите на денешната средба носеа транспаренти со фотографии од мртвите кучиња на кои пишуваше „Мојот последен оброк“, „Можевме со секири, наместо со транспаренти“, „Не за убиства“.


Шилегов, Жерновски и Марин говореа пред граѓаните, не забележувајќи ги активистите кои сакаа да укажат дека кај институциите треба да се развие свеста за решавање на проблемот со уличните кучиња на хуман начин, а оние кои со примитивни методи им го одземаат животот, да бидат соодветно казнети.


Засега, решавањето на проблемот со уличните животни тапка во место. Поминаа шест месеци откако стационарот „Вардариште“ беше затворен, а во меѓувреме беше отворено новото јавно претпријатие „Лајка“, кое треба да се занимава со овој проблем. Сè уште се работи на реновирање на стационарот, па во меѓувреме уличните кучиња не се стерилизираат, вакцинираат и обележуваат со ушни маркици како досега, па на тој начин се зголемува и нивниот број.


Еден од активистите го праша градоначалникот Шилегов за крвавата случка во Аеродром.

„Дали ќе седите мирни додека психопат шета по скопските улици и убива животни и расфрла отрови во близина на училишта и детски градинки? Што ќе преземете како прв човек на градот, бидејќи не се чувствуваат безбедни, не само кучињата туку и жителите на градот?“.

На ова, Шилегов одговори дека за првпат е поведена постапка во МВР во Одделението за крвни деликти за убивање куче и дека тоа досега не била практика.

„Немаме надлежности како локална власт да превенираме или да спречиме, доколку некој е луд и вршни крвни деликти и убиства“, рече Шилегов и рече е дека на иста страна со активистите. Тој ги повика активистите на заедничка средба.

Шилегов денеска рече дека во почетокот на октомври ќе биде пуштен во употреба новиот стационар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг