Внимавајте каде се вработувате во Хрватска: Работничка му одговорила на газдата на навредите, тој физички ја нападнал, а сега ниту најсилниот седатив не ѝ помага!

Точка

16/09/2019

20:59

4.319

Големина на фонт

а а а

Девојка која во летната сезона работела во Хрватска во близина на Дубровник, доживеала лошо искуство кое го споделила на Фејсбук групата „Вработи се во Дубровник“.

„Пет месеци работев во еден ресторан во Дубровник за пет и пол илјади куни (750 евра) и сместување, без слободен ден, а во недела работев по цел ден. Само еднаш ме пуштија да си одам дома на шест дена, бидејќи морав да полагам испит. Психички експлодирав секојдневно и бев доведена на раб од лудило“, напишала поранешна работничка во ресторан на Бргат.

„Ме погоди во нешто што многу ме боли, на што секако возвратив. Инаку, признавам дека имам јазик “како лопата“, но на неправда никогаш не сум останала должна, а тој ме нападна физички, ме удри во глава, ме трескаше од ѕид. Навредите кои ми ги упати не се важни бидејќи се приватни, и не сакам да ги изнесувам во јавноста“, пишува оваа девојка за својот однос со тамошниот работодавец, предупредувајќи ги луѓето да внимаваат каде се вработуваат.


„За тие пари чистев, бев и хаусмајстор и келнер, а не верувам дека некој би го сакал тоа. Сега се враќам дома, а сè уште не сум опоравена од шокот. Вчеравечер го примив најсилниот седатив кој ме онесвести од што бев потресена“, пишува таа и додава дека случајот го пријавила во полиција, а најавила и пријава во Државниот инспекторат.

Ме прашаа во полициската управа Дубровник-Неретва за овој случај.

„Во врска со истрагата, можеме да потврдиме дека во попладневните часови во саботата, на 14-ти септември, во угостителскиот објект дошло до навреди помеѓу двајца работници во угостителскиот објект, на возраст од 50 и 22 години, после што сопственикот на угостителскиот објект на непристоен и дрзок начин ја навредудвал помладата вработена и физички ја нападнал, при што 22-годишната не се здобила со никакви телесни повреди“, напишале од полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг