Ѝ испратила фотографија од креветот кој го дели со своето момче - одговорот на мајката е хит на Твитер

Точка

16/09/2019

20:34

6.444

Големина на фонт

а а а

18-годишната Катлин Врен отпатувала со своето момче па на својата мајка ѝ испратила фотографија од хотелската соба во која биле сместени.

На фотографијата се гледа брачниот кревет и каучот веднаш покрај него.

„Штета што Деан мора да спие на каучот. Барем не е на подот. Ти кажав да провериш дали има два кревети“ - напишала нејзината мајка во пораката откако ја видела собата, а нејзиниот одговор станал хит на Твитер.

„Ноќ со моето момче во Единбург, а мајка ми мисли дека имам 12 години“ - напишала Катлин на Твитер покрај фотографијата од “скриншот“ на која е разговорот со нејзината мајка.

Објавата во меѓувреме има 40 илјади лајкови, а споделена е 1.600 пати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг