Шкода Октавиа или Пасат - кој автомобил е подобар избор?

Супермен

16/09/2019

20:15

3.830

Големина на фонт

а а а

Се надеваме дека барем малку ќе ви ја олеснеме одлуката. Секој кој бара голем деловен автомобил или семеен автомобил тогаш сигурно ќе го погледне Пасат.

Критичарите на автомобили го обожуваат неговиот простор, удобност и квалитет кој ги ноди.

Но, Пасатот не е евтин.

Од друга страна пак по цена слична на основната верзија на Пасат сега може да купите автомобил сличен на него - Шкода Октавиа.

Октавиа нуди слично искуство како Пасат, но добивате повеќе опрема и поголем модел во споредба со Пасатот од истата цена.


Дизајн

Тешко е да се одрече дека Пасатот изгледа одлично како оддалеку така и одблиску. Бројните детали даваат впечаток дека станува збор за луксузно и скапо возило.

Шкода Октавиа во таа смисла изгледа како поевтина опција. Од друга страна, тешко е да се каже дека за пониска цена добивате погрд автомобил, напротив.


Ентериер

Тука Пасатот преминува во друго ниво на квалитет кој може да се спореди со Мерцедец и БМВ возилата.

Кабината дава впечаток на компактен и луксузен салон, а не на семеен автомобил.

Октавиа не заостанува кога станува збор за просторот особено поради нејзините прегради за оставање на работи, но сепак квалитетот и изработката на материјалот се од пониска класа.


Возење

Пасатот нема да биде избор на оние кои сакаат брзо и возбудливо возење, тој на патиштата “се однесува самоуверено“, а самото возење е исклучително удобно.

Пасатот без проблем се справува со сите дупки на патот.

Од друга страна пак Октавиата дава удобно возење, но со позначително помало ниво на контрола. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk