Смртна казна и за деца - принцот на Саудиска Арабија ги прекршил ветувањата, а еве колку од 134-те погубени луѓе биле уапсени кога биле малолетни

Точка

16/09/2019

20:00

3.745

Големина на фонт

а а а

Во Саудиска Арабија не само што уапсуваат туку и погубуваат, но деца. Саудиска Арабија оваа година на најсуров начин погубила 134 луѓе од кои шест ги уапсиле кога биле деца.

Тие биле изложени на мачење и убиени со сурови методи како што било распнување на крст и откинување на главата, открива организацијата за човекови права.

Извештајот „Проект смртна казна“ претставен во Советот за човекови права УН во Женева, укажува на “вознемирувачки пораст на бројот“ на државјани кои биле погубени и сето тоа спротивно на ветувањата на престолонаследникот Мухамед бин Салман дека ќе го намали бројот на смртни казни.

Во извештајот се наведува дека уште 24 луѓе биле изложени на “непосредна опасност“ од погубување, а меѓу нив и три деца, припадници на свештенството и активисти за човекови права.

Најмналку шест тинејџери биле погубени оваа година откако биле уапсени поради “злодела“ кога биле деца, се наведува во извештајот.

Документите исто така укажуваат на “незаконско и самоволно погубување“ и кршење на правата на затворениците и нивните семејства, но и на “систематско мачење на уапсените и некоректно судење кое кулминирало со смртна казна“.

Меѓу погубените минатата година имало и три жени и 51 личност обвинети за престап во врска со дрога која некаде во другиот дел од светот би се сметало за мало кривично дело.

Најмалку 58 луѓе биле странски државјани, а поголем дел од нив биле обвинети за ширење на шиитски ислам што таму се смета за злодело.

Меѓу нив имало 21 Пакистанец, 15 државјани на Јемен, петмина Сиријци и четворивца Еѓипќани.

На 22-ри април властите во масовно погубување брутално убиле 37 мажи од кои еден бил распнат на крст. Тие биле осудени поради “тероризам“.

Муџтаба ал Свејкат, тинејџер кој сакал да започне нов живот во САД и започнал со студии на Универзитетот во западен Мичиген, исто така бил уапсен поради протест против власта. Пред да го признае своето злодело против државата, студентот сурово бил злоставуван и пробиван по петите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг