Ким Кардашијан боледува од неизлечлива болест - ја држела под контрола 9 години, а сега не може да ја запре

Точка

16/09/2019

18:34

8.690

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан пред неколку години успевала псоријазата, хронична болес на кожата, да ја држи под контрола, но во последно време не крие дека болеста напреднала и дека повеќе не може да ја сокрие ниту со шминка.

На почетокот Ким имала псоријаза само на делот од рацете и нозете, но неодамна изјавила дека болеста ѝ се проширила низ целото тело дури и на лицето и дека повеќе не успева да ја држи под контрола.

Ким псоријазата ја дијагностицирала во 2010-та година, а ја наследила од нејзината мајка Крис Џенер.

Псориозата е хронична, неизлечлива и незаразна болест која се карактеризира со специфични дамки со розова и бела боја по кожата на телото.


И покрај повеќегодишното истражување сепак специфичната причина за појава на оваа болест не е позната. Се претпоставува дека болеста најверојатно настанува со взаемно дејство на наследни (генетски) фактори со кои заболениот е опкружен во текот на животот.

Психичкиот стрес често претходи на настапувањето на псоријазата.

Сончевата светлина ја подобрува клиничката слика на псоријазата кај поголем дел од пациентите. Па така во текот на летото кај поголем дел од нив доаѓа до повлекување на псоријазата.


Ким во последната епизода на своето ријалити шоу открила дека има и псориатичен артритис, ревматска болест која се појавува кај луѓето заболени од псоријаза.

За таа болест исто така нема лек, но доколку истата не се држи под контрола може да влијае на намалување на подвижноста на зглобовите, проширување на очите проследено со конјуктивитис и солзење на очите, а потоа болеста може да се пренесе и на кардиоваскуларниот систем.

Болеста има свои фрази во кои се смирува, но може и да се влоши, но без некоја јасна причина па затоа потешко е да се контролира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг