Кортни Кардашијан ги открива нејзините фитнес навики за совршени облини

Кармин

16/09/2019

17:45

3.932

Големина на фонт

а а а

Иако знаеме дека сестрите Кардашијан-Џенер живеат совршен живот, сепак, кога станува збор за нивниот беспрекорен изглед, тие имаат речиси бесплатни фитнес рутини, кои се темелат на многу откажувања и неверојатна упорност!

Иако има 40 години, Кортни Кардашијан има беспрекорна линија, а причината за тоа е токму посветеноста на здравиот начин на живот.

Кортни ги открива нејзините правила, до кои се придржува без исклучок, за да ги сочува совршените облини и младоликиот изглед и во 40-те.

1. Посебен режим на исхрана

Кортни веќе со години води кето режим на исхрана, и за неа јаглехидратите се забранета зона. Речиси воопшто не јаде млечни производи, целосно го исфрлила глутенот од исхраната, а речиси сè што јаде е од органско потекло.


Една од главните намирници е јаболков оцет, кој го забрзува метаболизмот и го чисти организмот од токсини, а намирниците кои речиси секојдневно се наоѓаат на нејзиното мени се овесна каша и авокадо. Нормално, за да ги надомести сите недостатоци на витамини и минерали, кои не ги внесува преку исхраната, користи многу суплементи, кои пред сè содржат многу антиоксиданти, колаген, како и хијалуронска киселина.

2. Секојдневен тренинг е задолжителен

Кортни смета дека ниту еден третман за тело не може да го направи она што го прави секојдневниот тренинг. Кортни вежба со помош на својата фитнес инструкторка Аманда Ли, со која, исто како и Ким, прави кружни „Hiit“ тренинзи, кои се насочени кон топење масти и обликување на телесната фигура. Кортни преферира тренинзи кои го вклучуваат целото тело, а особено ужива во бокс и скокање на јаже.

Кортни смета дека клучот на успехот е во стекнување здрави навики, а за тоа ви е потребна силна желба и упорност. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk