Пакета му одговори на Џампаоло: Јас сум горд Бразилец

Точка

16/09/2019

15:59

1.870

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета очигледно му испрати порака на неговиот тренер од Милан кога на социјалните мрежи напиша дека е горд Бразилец.

Тренерот на Милан неодамна изјави дека „Пакета би требало да биде помалку Бразилец“, алудирајќи на тоа дека не треба да претерува со дриблинзите, но Пакета од друга страна очигледно нема намера да го промени својот стил на игра.

Поради тоа, синоќа Пакета на својот профил на Инстаграм порача дека е „Горд Бразилец“ и му испрати јасна порака на Џампаоло.

Инаку, после три кола Милан има шест бодови благодарение на минималните победи над Бреша и Верона, додека на стартот „Росоњерите“ беа минимално поразени од Удинезе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг