Мирна Краљ од Хрватска на својот профил на Фејсбук објавила неверојатни сцени кои ги затекнала во станот кој нејзините родители го изнајмиле на некоја жена со дете.
Мирна Краљ пишува дека нејзините родители го издале станот во месец мај, оваа година.
Жената се претставила како мајка со дете, а по професија била ветеринарка, вработена на Факултетот за ветеринарство во Загреб.
Меѓутоа, не поминало многу време, а новата станарка почнала да се однесува чудно. Кога родителите на Краљ сакале да појдат да го проверат својот стан, таа не им дозволила. По некое време ѝ дале отказ и рок до 15-ти септември за да се исели од станот.
„Го украла телевизорот и веројатно уште некои работи кои не ги забележавме од шокот што го доживеавме денес. Во прилог може да ги видите фотографиите од станот, а исто така и сметките не беа платени, садовите беа запалени и целиот стан го оставила во ѓубре и фекалии“ - напишала Мирна Краљ.
„Девојката се претстави како личност која завршила Факултет за ветеринарство и дека работи на факултет. Има и дете. Ова се фотографиите од условите во кои живеела“ - изјавила Мирна.