“Пржи“ сè пред себе - во Амазон откриена електрична јагула која генерира неверојатен напон

Точка

16/09/2019

15:52

6.448

Големина на фонт

а а а

Во водите на Амазон пронајдени се два нови видови на елекрична јагула од кои едниот, кој се вика Electropharus voltai, е во состојба да генерира електричен напон од рекордни 860 волти.

Новите видови откриени се со истражување на ДНК, а за научниците ова претставува уште еден доказ за разновидноста на растителниот и животинскиот свет во Амазонските прашуми.

Откритието исто така е показател за заштита на ова место од дефорестација, односно сечењето и уништувањето на стеблата и пожарите.


Дејвид де Сантана, зоолог од Природн-научниот музеј „Смитсонијан“, смета дека човечкото влијание во Амазон е големо и може да се очекуваат откривање на големи риби, како што се двете новооткриени видови на електрични јагули.

Постојат три видови електрични јагули: Electrophaurs electrius, Electropharus voltai и Elecetropharus varii, наведува британскиот „Guardian“.

Списанието потсетува дека електричните јагули биле главна инспирација за конструирање на првите електрични батерии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг