Побрзајте: Една од најдобрите тркачки игри е бесплатна!

Точка

16/09/2019

15:42

2.998

Големина на фонт

а а а

DiRT Rally, една од најдобрите тркачки рели видео игри до 16-ти септември е целосно достапна и можете да ја преземете на Steam.

Секој би сакал бесплатна игра (секако, доколку не користите пиратски верзии од торенти), па затоа ви ја претставуваме „акцијата“ во која мора да бидете брзи. На Steam платформата до 16-ти септември во 19 часот по наше време, имате можност да ја превземете DiRT Rally, фантастичната тркачка игра на популарното студио Codemasters.

Процедурата е многу едноставна и брза. Потребно е само да ја побарате играта на Steam, да ја додадете играта во вашата „библиотека“ и тоа е тоа, играта ќе остане во ваша сопственост засекогаш.

Освен тоа што станува збор за бесплатна игра, DiRT Rally пристигнува и со овозможено играње преку VR уред, што е одлична работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг