Северина повторно ги распамети обожавателите: Со ова издание потврди уште еден безвременски класик

Кармин

16/09/2019

14:07

4.180

Големина на фонт

а а а

Постојат модни парчиња облека кои едноставно можат да ги носат сите генерации.

Одлично може да се вклопат во вашиот стил, стилот на вашата мајка, па дури и на вашата ќерка. Токму такво е едноставното бело фустанче во кое Северина е видена веќе неколкупати.

Имено, пејачката после големата регионална турнеја „Добредојде во клубот“, одлучила да организира уште поспектакуларна турнеја под називот „The Magic Tour“, па вредно работи на нејзината промоција.

„Точно два месеци нè делат до почетокот на 'Magic Tour' во Сплит“, напишала Северина во описот на видеото кое го носи споменатиот бел фустан.

Станува збор за едноставен крој кој го нагласува нејзиното витко тело, а може да се носи во апсолутно сите ситуации. Фустанот е елегантен и женствен, а секако не е резервиран само за посебни прилики.

Покрај тоа, пејачката го носела додека летала со авион, што само докажува дека овој моден класик е и многу удобен.

Со понекој моден додаток и високи потпетици, многу лесно можете да го трансформирате во права вечерна тоалета, а ако го комбинирате со рамни сандали, ќе добиете секојдневна комбинација.

Покрај краткиот црн фустан, ова е уште еден безвременски класик во кој секогаш вреди да вложите. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk