По одличните три настапи во дресот на Барселона ќе следи пауза: Фати ги пропушта следните СЕДУМ натпревари на првиот тим

Дерби

16/09/2019

12:57

1.675

Големина на фонт

а а а

Ретко кој тинејџер го освоил фудбалскиот свет како тоа што го направи фудбалерот на Барселона, Ансу Фати.

Многу млади фудбалери со брзи погодоци се претставувале на големата сцена, а најсвеж пример за тоа е Маркус Рашфорд кој со 18 години блесна на дебитантските настапи за Манчестер Јунајтед.

Сепак, Ансу Фати повеќе го привлекува вниманието затоа што е две години помлад од моментите кога Рашфорд се пробиваше на професионалната сцена. 16 годишниот Фати ја искористи шансата која му ја даде Валверде, кој на почетокот на сезоната имаше страшни проблеми со повреди.

Ансу Фати кој е член на кадетската репрезентација на Шпанија ќе ги пропушти средбите на Барселона од 26 октомври до 17 ноември за кога е закажано Светското првенство за играчи до 17 години, а на кое Фати ќе биде прва ѕвезда кај „фуријата“. Во тој период Барселона ќе одигра вкупно седум натпревари на кои нема да може да смета на младиот фудбалер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг