Поради нејзината страст за убивање на животни ѝ се закануваат со смрт и силување: Уживам во ловот, имам незаборавни спомени

Точка

16/09/2019

10:43

4.957

Големина на фонт

а а а

Медицинска сестра од американската сојузна држава Ајдахо, 29-годишната Кејт Смол во слободно време се занимава со лов, а на Инстаграм ја следат 28 илјади луѓе пред кои ги споделува фотографиите од нејзините „трофеи“.

Нејзиниот најголем улов, како што открива таа, е мечка тешка 150 килограми која што ја убила со својата пушка. Кејт вели дека уште пред десетина години започнала да оди на лов со нејзиниот очув и „веднаш се заљубила“.

„Уживам во апсолутно сè - тоа чувство на авантура, стратешко планирање, процесот на убивање на животните кој ја тестира мојата сила и издржливост, но воедно ми дава и незаборавни спомени. Да се распарчи пленот и од него да се добие месо. Тоа е нешто во што вистински уживам“, изјави оваа Американка.

Кејт додава дека од убиените животни користи буквално сè, а не го консумира само месото на волците, затоа што, како што објаснува, тоа не е погодно за луѓето.

„Кожата и главите ги препарирам“, изјави 29-годишната медицинска сестра која што е во среќен брак и има едногодишна ќерка.

„Никогаш не сум убила животно од забава, ги ловам исклучиво поради храната“, додава Кејт која што поради нејзината љубов кон ловот секојдневно добива бројни закани - некои сакаат да ја убијат, некои да ја силуваат, а некои дури ѝ се заканувале на нејзината ќерка.

„Освен со смрт, ми се закануваат со силување, но настојувам тоа да го игнорирам. Само сакам да им докажам на луѓето дека ловот не е резервиран исклучиво за мажите. Се надевам дека ќе ми се придружат што е можно повеќе жени“, изјав Смол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг