Фудбалерот на Арсенал, Матео Гендузи направи еден непромислен потег кога го гестикулираше актуелниот резултат на средбата (2:1) додека ја напушташе играта.
Тоа го навлече бесот на гледалиштето на „Викариџ Роуд“, но фановите на Вотфорд на крај последни се смееја затоа што домашниот клуб успеа да израмни преку Переира со гол во 81. минута од натпреварот откако од пенал го совлада Бернд Лено.
Видеото со Матео Гендузи како го гестикулира актуелниот резултат веднаш се расшири на социјалните мрежи, а фудбалерот беше „пецнат“ и од официјалната страна на Вотфорд каде осамна слика од Французинот како со рацете покажува 2:1.
*✌️✌️ pic.twitter.com/9nG2esFxfa
— Watford Football Club (@WatfordFC) September 15, 2019
@MatteoGuendouzi ✌🏻- ☝🏻 pic.twitter.com/oAlxLuKMO8
— Leon (@LeonHolmes_) September 15, 2019