САД се подготвени да одговорат на нападите врз саудиските нафтени инсталации, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Има причини да веруваме дека знаеме кој е виновникот. Подготвени сме да одговориме, но ќе го почекаме саудиското кралство да ни каже кого смета за одговорен за овој напад и под каква форма да реагираме“, напиша Трамп на Твитер.
Јеменските бунтовници Хуси ја прездоа одговорноста за нападите врз нафтените инсталации на саудискиот нафтен гигант „Арамко“.