Елмас одигра одлично против Сампдорија и си доби прекар: „Малиот Модриќ“ танцува по теренот…

Дерби

15/09/2019

11:00

2.509

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас имаше одличен прв старт во дресот на Наполи на вчерашниот натпревар против Сампдорија кој неговиот тим го доби со 2:0.

Македонскиот репрезентативец играше доста добро и сосема заслужено ги однесе пофалбите од страна на експертската јавност во Италија. Сите италијански медиуми му дадоа одлична оцена на нашиот фудбалер.

Еминентниот „Кориере дело Спорт“ го спореди нашиот фудбалер со моментално најдобриот фудбалер во светот, Лука Модриќ.

– „Малиот Модриќ“ ја пополнува играта со вистинска елеганција. Танцува на теренот со леснотија која фасцинира, -напишаа од „Кориере дело Спорт“.

Елмас доби одлични коментари и од останатите италијански спортски медиуми, па така „Тутоспорт“ напиша дека тој веќе изгледа како ветеран: -Ново засилување кое веќе изгледа како ветеран. Доколку постигнеше погодок дефинитивно ќе беше најдобар на теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг