Сенси го реши Удинезе, па посочи што Интер мора да поправи

Дерби

15/09/2019

10:56

1.033

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер ја прокнижи и третата победа во новата сезона со што го задржа 100 процентниот учинок во Серија. „Нероаѕурите“ вечерва славеа со 1-0 над Удинезе и тоа со погодокот на 24-годишниот Стефано Сенси во финишот на првото полувреме.

Токму Сенси беше задоволен поради голот и победата, но воедно посочи што тој соиграчите едноставно мораат да поправат во играта, да бидат поефикасни и поефективни во нападот особено во ситуација како што беа денеска со играч повеќе од 35 минута (директен црвен доби Де Пол).

-Среќен сум поради гол, секогаш е возбудливо да бидете во листата на стрелци. Најважната работа е победата против тежок противник. Мораше да бидиме „поубиствени“ особено по црвениот картон. Мораме да се подобриме и да постигнеме повеќе голови, но задоволни сме од резултатот и од утре можеме да се фокусираме на следниот натпревар. Постојат многу цели за Интер и сите работиме заедно напорно за да ги постигнеме, -истакна Сенси кој е меѓу најдобрите играчи на Интер на почетокот на оваа сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг