Ги нарекуваат љубовниците од Модена! Нова вистина за костурите кои се држат за рака - погребани се заедно пред 1.500 години, а научниците сега откриваат нови детали

Точка

14/09/2019

12:00

3.690

Големина на фонт

а а а

Костурите кои се држат за рака, познати како “Љубовници од Модена“, биле мажи, утврдиле италијанските научници.

Костурите се откриени во 2009-та година во северниот град Модена, а датираат помеѓу 4-от и 6-от век на нашата ера, но толку многу пропаднале што не можел да се идентификува нивниот пол па затоа досега се претпоставувало дека станува збор за маж и жена, пренесуваат од „Ројтерс“.

Меѓутоа, испитувањето на протеинот присутен во глеѓта на забите покажал дека костурите припаѓаат на двајца мажи.

„Бевме во можност да го извлечеме протеинот од забната глеѓ на двата скелета и откривме дека всушност станува збор за двајца мажи“ - напишал научникот кој е вклучен во овој проект.

Научниците навеле дека возможно е да се утврди сексуалната ориентација на двата костура. Тие можно е да биле пријатели, браќа, воени другари.


Иако не можеме да го исклучиме фактот дека тие двајца биле заљубени еден во друг, малку е веројатно дека луѓето кои ги погребале сакале да ја покажам таа нивна врска поставувајќи ги така што двајцата се држат за рака, напишале научниците во извештајот.

Под власта на императорот Јустинијан на Источното римско царство помеѓу 527-та и 565-та година на новата ера, истополовиот однос помеѓу мажи се сметал за кривично дело. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг