Новиот рекорд - Бугати достигнал брзина од 490 км/ч.

Супермен

13/09/2019

20:40

3.051

Големина на фонт

а а а

Подвигот на автомобилот на компанијата во состав на Фолксваген има осумлитарски W16 квад-турбо мотор и седум брзини. Новиот најбрз автомобил на светот е “бугати кајрон“ кој на тест пистата во Германија достигнал брзина од 490.47 км/ч.

Станува збор за автомобил чија цена е неверојатни 2.4 милиони евра и чиј прототип е претставен на 1-ви март 2016-та година на саемот за автомобили во Женева.

Двосед

Двоседот “бугати кајрон“ има осумлитарски W16 квад-турбо мотор и седум брзини, а примерокот кој бил тестиран морал да има ласерски систем за контрола на стабилност за да остане цврсто на земја со сите четири тркала. Автомобилот го управувал британскиот автомобилист Енди Волас, победникот на популарната трка 24 часа “Le Mana“ od 1988-та. Волас возел толку брзо што за една секунда поминал фантастични 136 метри, што е повеќе од должина на фудбалско игралиште.


„Пресреќни сме што станавме први произведувачи на автомобил кој произведе возило кое може да постигне брзина од 300 милји на час“ - изјавил Стивен Винкелмен, претседателот на Бугати.


Возачот Енди Волас објаснил зошто брзината е толку многу важна за возачите

„Поголемиот дел од оние кои сакаат брзо возење возат околу 150 милји на час, но потоа сакаат да додадат уште 20, па 30. Ние ја поминавме границата од 300 милји. Тоа е новиот рекорд и “карјонот“ влезе во целосно нова недопрена територија. Никогаш претходно некој произведувач не го постигнал тоа“ - изјавил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk