Анџелина Џоли го завртела синот против татко му! Медокс не сака ни да слушне за Бред Пит, еве и зошто му е бесен на актерот!

Кармин

13/09/2019

19:57

4.233

Големина на фонт

а а а

Уште откако Бред Пит и Анџелина Џоли се разделија во 2016-та година и покренаа бракоразводна парница, нивните биолошки, но и посвоени деца се видено во јавноста само со мајка им, додека немало ни трага ни глас дека имаат било каков контакт со таткото.

Затоа не е многу чудно тоа што Бред не се појавил на испраќањето на најстариот син на студии. Мадокс Џоли Пит пред неколку недели отпатува во Јужна Кореја, каде почнува да студира биохемија.


Таму го ирпатила мајката, бидејќи односите помеѓу Мадокс и Бред се затегнати уште од расправијата во авионот, после која Анџелина побарала развод од актерот.

Младиот студент помеѓу предавањата на факултетот го затекнал новинар, кој, меѓу останатото го прашувал за односот со татко му и го прашал дали тие двајца планираат да се видат.


„Не знам ништо за тоа, ништо не се случува“, наводно одговорил тој. Новинарот продолжил да го следи и да го прашува за тоа дали неговиот однос со таткото е нарушен, на што Мадокс одговорил: „Што биде - нека биде.“

Странските медиуми пишуваат дека Мадокс е бесен на неговиот татко и дека за член на семејството единствено ја смета својата мајка Анџелина. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk