Погледнете ја првата фотографија во мрак направена со новиот iPhone со помош на „Night mode“

Супермен

13/09/2019

14:20

3.935

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека опцијата „Night mode“ работи совршено на новиот iPhone. Новиот iPhone 11 со себе носи многу поунапредена камера, а едно од највозбудливите нешра секако е „Night mode“ кој прави посветли фотографии кога фотографираме во мрак.

А изгледа дека ја добивме и првата фотографија направена со помош на „Night modе“ во реланиот свет, а не примерок кој самиот „Apple“ го направи за да ја рекламира новата функција.

И додека „Apple“ воглавно го претставува сето она што ни го покажа во контролираните услови, секогаш е убаво да се види пример од реалниот свет кој го потврдува сето тоа.  

Фотографијата е обајвена од Твитер корисникот Coco Rocha.

Фотографијата прикажува разлика помеѓу фотографија направена во услови на лошо осветлување со помош на iPhone X и iPhone 11 Pro Max.

Разликата е повеќе од очигледна, а „Night modе“ работи баш онака како што замислиле од „Apple“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk