Шокантна исповд на популарната актерка - „Бев силувана на 15 години“

Кармин

13/09/2019

13:37

3.816

Големина на фонт

а а а

Холивудската убавица открила дека ѝ се случила една од најужасните работи кога била тинејџерка. Деми Мур (56) открила дека на 15 години била жртва на силување. Тоа го соопштила во своите мемоари во кои одлучила да проговори за сексуалниот напад врз неа, пишуваат од „New York Times“.

Во книгата таа го опишала својот живот од детството па сè до денес. Таа открива детали за нејзиниот бурен живот и бракот со познатиот актер Брус Вилис, но и за бракот со помладиот актер Ештон Кучер.

Таа изјавила дека мемоарите ја направиле многу ранлива и дека додека ги пишувала открила многу работи за себе.


„Возбудливо е, но се чувствував мноу ранливо. Морав да дознаам зошто сакам да го направам тоа затоа што тоа не е последица на мојот успех. Повеќе станува збор за будење отколку за враќање“ - изјавила Деми Мур.

Во мемоарите таа открива тајна, а тоа е борбата со виновникот поради нејзиниот спонтан абортус и губењето на бебето со Ештон. Признала дека го изгубила бебето во 2005-та година во шестиот месец од бременоста кога имала 42 години, а Ештон 27. Тие двајца биле поддршка еден на друг и останале заедно шест години по тој несреќен случај, но сепак се разделиле во 2011-та година.

Во тој период поддршка ѝ биле нејзините ќерки Румер (31), Скаут (28) и Талула (25) која ги добила во бракот со Брус Вилис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk