Таткото на Нурмагомедов најави крај и посочи уште колку борби ќе има неговиот син: Би сакале да завршиме во Москва…

Дерби

13/09/2019

12:40

2.043

Големина на фонт

а а а

Кабиб Нурмагомедов е едно од најпознатите имиња во ММА спортот, а минатиот викенд со победата над Дастин Поириер ја продолжи неговата неверојатна серија од 28 натпревари без пораз.

Таткото на 31 годишниот Дагестанец, Абдулманап Нурмагомедов најави дека неговиот син би можел да одигра уште две борби, за да стигне до 30 победи со перфектен скор, а потоа да стави крај на боречката кариера.

– За Кабиб 30:0 е доволно. Секако дека сакаме неговата последна борба, последната одбрана на титулата да биде во Москва, - истакна Абдулманап Нурмагомедов.

29-ти противник на Кабиб Нурмагомедов се очекува да биде Џорџ Сент Пјер, а веќе сега се шпекулира дека неговата последна борба би можела да биде против Конор Мекгрегор и тоа во Москва. За потсетување контроверзниот ирски „фајтер“ побара реванш и тоа во Москва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг