Алексис ги издвои двете причини поради кои тој и Лукаку потонаа на „Олд Трафорд“

Дерби

13/09/2019

11:30

1.264

Големина на фонт

а а а

Алексис Санчез се уште чека на официјалното деби во Серија А како член на Интер, клуб кој ова лето сериозно пазареше на „Олд Трафорд“, бидејќи покрај Чилеанецот, го ангажираше и некогашниот прв напаѓач на Жозе Мурињо, Ромелу Лукаку.

Двоецот кој не доби доволно голема шанса од Оле Гунар Солскјер на крајот заврши на „Џузепе Меаца“, па по враќањето од репрезентативните обврски, Алексис одлучи да ги посочи главните причини поради кои тој и Лукаку не успеале на театарот на сонишата. Поточно, Санчез издвои две нешта како одлучувачки за нивниот лош учинок во Јунајтед, алудирајќи на недоволната доверба кај менаџерот, но и на честите промени кои делуваа турбулентно кон дел од играчите.

– Јас и Лукаку бевме навистина многу добри на тренинзите. Но, колку и да бевме добри, тоа не можевме да го прикажеме на натпрвар. Моравме да играме повеќе за да го покажеме најдоброто. Исто така, не се погодивме во вистинско време во Манчестер. Имаше премногу промени во клубот, а кога се менуваат многу нешта, работите се многу потешки и покомплицирани, – порачува Алексис за „ЕСПН“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг