Стефанова: Неизвесно е дали истите обвинители и натаму ќе ги водат предметите од СЈО

Макфакс

13/09/2019

10:58

863

Големина на фонт

а а а

Во моментов се одвива примопредавање на предметите од Специјалното јавно обвинителство до ЈО, информираше обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Во однос на тоа дали истите обвинители ќе ги водат предметите или на нивно место ќе бидат поставени нови, Стефанова изјави дека за тоа сè уште не се знае односно дека дополнително ќе одлучат од Јавното обвинителство.

Утрово, во просториите на Специјалното јавно обвинителство почна средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески каде се договараат деталите како ќе се преземат предметите што ги води СЈО.

Во текот на вчерашниот ден преку допис СЈО потврди дека е подготвено веднаш да ги предаде сите предмети, списи и докази до Јавното обвинителство.

Во тоа соопштение не беше наведено дали во ЈО ќе бидат предадени и аудиоснимките, односно прислушуваните материјали, бидејќи тие засега се во надлежност единствено на СЈО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг