Карло Колацо (37) се породила во купатило, а не знаела дека е бремена! Новопечената мајка од Делавер, била многу изненадена, бидејќи ѝ рекле дека поради гинеколошките проблеми нема да може да има деца.
Нагласила дека неколкупати правела тестови за бременост и дека секогаш биле негативни, а отечените зглобови ги препишувала на напорната работа која од неа бара неколку часа да стои. Исто така не забележала ниту дека има значајни промени во килажата.
Колацо се породоила кон крајот на минатиот месец, а ѝ помогнала Александра Сантос.
На денот на породувањето, Александра тргнала со Карло во болница, бидејќи чувствувала силни болки во стомакот и грбот. Неколку минути пред да тргнат, трудницата се стрчала во тоалет, а Александра тргнала по неа и наеднаш слушнала врескање.
Набрзо Карло се породила, па повикале Итна помош за да ги посоветуваат што да направат.
Карло го родила девојчето Амор Роуз, а бидејќи поради здравствената состојба со години се обидувала да добие дете, ова за неа било вистинско чудо!